Флајдубаи, нискотарифната авиокомпанија од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), ќе воспостави директни летови до Мале, главниот град на Република Малдиви. Почнувајќи од 19 јануари 2013 година, превозникот ќе оперира петпати неделно меѓу Терминалот 2 во Дубаи и меѓународниот аеродром "Ибраим Насир" на малдивскиот остров Мале. Компанијата со ова го зголемува своето присуство на индискиот потконтинент на девет точки во шест земји. Новата рута ќе им овозможи на патниците од регионот на Дубаи да уживаат во една од најпознатите светски дестинации за одмор со авиобилети по достапни цени. Како прв нискотарифен превозник од ОАЕ до Малдиви, ние уште повеќе го приближуваме овој островски рај до патниците од целата наша мрежа. Со помош на иновациите и извонредната услуга Флајдубаи нуди посебен нискотарифен модел.
Флајдубаи, нискотарифната авиокомпанија од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), ќе воспостави директни летови до Мале, главниот град на Република Малдиви.
Почнувајќи од 19 јануари 2013 година, превозникот ќе оперира петпати неделно меѓу Терминалот 2 во Дубаи и меѓународниот аеродром "Ибраим Насир" на малдивскиот остров Мале. Компанијата со ова го зголемува своето присуство на индискиот потконтинент на девет точки во шест земји. Новата рута ќе им овозможи на патниците од регионот на Дубаи да уживаат во една од најпознатите светски дестинации за одмор со авиобилети по достапни цени.
- Како прв нискотарифен превозник од ОАЕ до Малдиви, ние уште повеќе го приближуваме овој островски рај до патниците од целата наша мрежа. Со помош на иновациите и извонредната услуга Флајдубаи нуди посебен нискотарифен модел. Оваа понуда се покажа како многу популарна меѓу нашите патници и несомнено ќе биде привлечна за сите што сакаат да го искусат едно од врвните светски места за одмор по достапна цена - вели Гаит Ал Гаит, извршен директор на Флајдубаи.
Малдивите се сметаат за една од врвните светски локации за одмор. Таа е изгласана за најдобра островска дестинација во Индискиот Океан од читателите на магазинот "Конде Наст травелер". Минатата сезона Малдивите го посетија речиси милион туристи, што е скок од 17,6% во однос на 2011 година.
- Очекуваме силна побарувачка за летови од заливските земји, особено од Кувајт, како и од пазари како Русија, ЗНД и централна и источна Европа. Благодарение на нашето силно присуство во овие региони, патниците ќе можат да летаат до Малдивите преку Дубаи. Ова ќе биде нашиот прв нов лет во 2013 година и со нетрпение чекаме на патниците од целата наша мрежа (вклучително и од Македонија), да им посакаме добредојде во оваа прекрасна земја - изјави Гаит Ал Гаит.